Парламентарни избори во Шпанија: Ќе стане ли крајната десница дел од власта?

by vlatko 09:31
09:31

Шпанските гласачи излегуваат на предвремени парламентарни избори, кои би можеле да ѝ овозможат на крајната десница за првпат да влезе во националната влада од крајот на диктатурата на Франко во 1975 година, пренесува „Ал Џазира“.

Избирачките места се отвораат во 9 часот наутро и се затвораат во 20 часот навечер, кога ќе бидат објавени излезните анкети од последната недела од кампањата. Првите резултати се очекуваат околу еден час подоцна. За мнозинство во парламентот со 350 места се потребни 176 места.

Санчез, кој е на власт од 2018 година и се потпира на кревко парламентарно мнозинство, свика предвремени избори на почетокот на октомври откако парламентот отфрли две уредби со кои неговата влада се обиде да се справи со влошената криза со домувањето.

Според просекот од последните предизборни анкети, конзервативната Народна партија има поддршка од околу 31 процент од гласачите, Социјалистичката партија на Санчес околу 29 проценти, а крајно десничарската Вокс околу 18 проценти.

Санчез во петокот тврдеше дека внатрешните анкети покажуваат дека може да обезбеди мнозинство со поддршка на помалите левичарски партии, иако повеќето јавно достапни анкети сугерираат дека ПП и Вокс би можеле заедно да освојат мнозинство.

Некои анкети покажуваат дека социјалистите се приближуваат кон ПП, но на сметка на помалите партии од левицата, чија поддршка на Санчес повторно би му била потребна за да формира влада.

Формирањето коалиција ПП-Вокс би можело да вклучува тешки преговори за распределба на министерските портфолија. Аналитичарите веруваат дека, во зависност од бројот на освоени места, Вокс би можел да одлучи да ја поддржи ПП без формално да се приклучи на владата.

Слични вести