Жена од Босна и Херцеговина приведена по обид за кражба на Камениот мост

by irena 22:54
22:54

58-годишна жена од Босна и Херцеговина била приведена во Скопје под сомнение дека се обидела да украде лични предмети од чанта на Камениот мост.

На 27 ноември во 13:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар ја лишиле од слобода З.Х. на Плоштад „Македонија“.

Таа се сомничи дека околу 12:45 часот на Камениот мост се обидела да одземе предмети од чантата на Ф.А.(64) од Скопје, но била забележана и спречена од неговата сопруга.

Жената била задржана во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести