94
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека и претстојат тешки денови на Србија и најави дека наскоро ќе ги информира граѓаните за сите предизвици кои претстојат.
„На Србија ѝ претстојат тешки денови. Во овој момент не е лесно да се каже какви вести добивме во последните 48 часа… Тие директно ги загрозуваат виталните национални интереси и на Србија и на Република Српска“, објави Вучиќ на Инстаграм.
Вучиќ најави дека во наредните денови ќе го запознае „народот на Србија со сите предизвици“.
Ќе биде тешко, најтешко досега“, изјави Вучиќ, кој исто така изрази уверување во победата на Србија.
„Ќе се бориме. Србија ќе победи“, изјави Вучиќ.
View this post on Instagram