Украина се пласираше на ЕП во Германија

by Fokus

Фудбалската репрезентација на Украина го совлада Исланд со 2:1 во финалето на плеј-офот за ЕП 2024 година.

Иако не започна се добро за момците на Сергеј Ребров во Вроцлав, затоа што Алберт Гудмундсон ја погоди мрежата на Лунин за да ги шокира украинските навивачи во 30. минута.

Девет минути подоцна на Украинците им беше поништен гол по ВАР, кога погоди Јаремчук.

Стартот на вториот дел донесе нов почеток за Украина. Судаков асистираше за Циганков, а играчот на Жирона го матираше гостинскиот голман за израмнување.

На шест минути пред крајот на натпреварот Судаков ја забележа втората асистенција на натпреварот, а Михаило Мудрик го обезбеди местото на Украина на ЕУРО во Германија.

Во последното плеј-оф финале, Полска и Велс играат продолженија, а претходно денеска Грузија ја победи Грција и го оствари првиот историски пласман на ЕУРО.

На Европското првенство кое летово ќе се игра во Германија, Украина ќе се најде во групата Е со Белгија, Словачка и Романија.

Поврзани новости