Вучиќ се обраќа, опозицијата протестира

by fokus

Пред зградата на српското претседателство почнаа да се собираат демонстрантите кои најавија протест против актуелните власти денеска напладне, во исто време кога е закажано и обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ по повод синоќешниот упад на демонстрантите во зградата на Радио Телевизија Србија (РТС)

Сојузот за Србија повика на протест, бидејќи РТС и властите не го послушаа барањето на протестот “Една од пет милиони” и откако министерот Небојша Стефановиќ ја испрати полицијата на ” луѓе со голи раце ” и затоа што “лажно информираа” на Пинк и РТС за настаните од протестот во саботата.

Протестантите во Белгард вчера бараа нивни преставници да имаат гостување на РТС.

Поврзани новости