Пендаровски: Оние кои не го осудуваат насилството не може да ја водат државата

by fokus

Целиот мој мандат ќе ги штитам правата на граѓаните, порача во видео обраќањето утрово претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.

„Оние кои не се спремни да осудат насилство, не може да ја водат државата“, изјави Пендаровски.

Тој рече дека вчера прв пат видовме провостепена пресуда за насилниците кои сакаа да спречат мирен трансфер на власта на 27 април 2017 година.

Претходно со видео, Гордана Силјановска вети промени и правда.

Поврзани новости