Вучиќ: Приоритет е младите да ги задржиме во регионот

by Fokus

Српскиот претседател Александар Вучиќ приоритет при денешната посета на Македонија рече дека задржувањето на младите ќе обезбеди просперитет, стабилност и напредок за цела Европа.

-Очекувам да разговараме за клучните принци на регионалната соработка, одржливиот развој, за климатските промени, но и за политиката на проширувањето на ЕУ, како стратегиски точки на понатамошните односи внатре во европскиот континент. Едни од побитните теми ќе бидат и сеопфатните политички, економски и социјални реформи, со какви реформи ќе се задржат младите луѓе на овие простори со што дополнително ќе се обезбеди просперитет, стабилност и напредок на цела Европа, изјави Вучиќ пред почетокот на сосстанокот на процесот Брдо Бриони што денес почна во Скопје.

-Србија, како и секогаш, останува доследна на своите искрени напори да создаде атмосфера на меѓусебна доверба, разбирање и почит, што го покажа преку бројни иницијативи кои отвораат големи можности за силна соработка меѓу земјите во регионот, во корист на сите кои живеат во Западен Балкан, изјаи Вучиќ.

Поврзани новости