Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека поднел указ до Владата и до премиерката со кој предлага измени на Кривичниот законик кога станува збор за казните за силувачите и оние кои извршиле обљуба врз ранлива личност, дете или семејно насилство.
Александар Вучиќ во гостувањето на ТВ Прва рекол дека досега силувањето се казнувало со затвор од 5 до 12 години, а сега предлага казни од 5 до 20 години и можност за доживотен затвор.
Најстрога казна е предвидена за случај на злоупотреба на дете или изнемоштено лице.
„Ова ќе има лековито дејство, не веруваат во морал, само во ова“, изјавил Вучиќ.
На прашањето дали требало поостро да е реагира на интервјуто со силувачот И.М во весникот „Информер“, Вучиќ рече дека „му се гади од луѓето кои се изживуваат ад жени и деца“.