Вучиќ попушти после масовните протести: Најдено е решение

by Фокус

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека утре ќе ја информира јавноста за својот став во однос на Законот за експропријација, наведувајќи дека целиот пакет е во подготовка и дека е најдено решение.

-Подготвуваме дополнителни проверки уште еднаш за да не направиме нешто противуставно, но со тоа ќе излеземе утре доколку денеска добиеме потврда од повеќе надлежни институции и правни експерти – изјави Вучиќ.

Тој додаде дека е важно да се слушнат луѓето, а не, како што рече, глупостите на Ѓилас, Тепиќ, Зеленовиќ, кои, според него, имаат земано пари од Рио Тинто и сега протестираат.

-За три месеци се изборите, но нема да ги брои гласовите „машинскиот мозок”, туку ќе важи еден човек- еден глас. Само на избори ќе се одлучи кој ќе управува со Србија – порача Вучиќ.

Тој изјави дека минатата сабота во Србија протестирале вкупно 31.000 луѓе против законот за експропријација и за референдумот.

-Тоа се секако големи бројки, голем број луѓе…Загрижен сум затоа тоа што не можат да бидат сите партиски функционери, но таму се луѓе кои се многу загрижени. Мора да се свртиме кон тие луѓе и да се обидеме да решиме нешто – кажа Вучиќ.

Поврзани новости