Вучиќ: Ниту сакам, ниту можам да зборувам остро за Заев

by fokus 19:13
19:13

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека не го интересираат внатрешните односи во Македонија, ниту дали мандатарот за состав на новата македонска влада го навредува, туку го интересира како Македонија ќе се однесува кон Србија.

-Не би сакал да зборувам што мислам за Зоран Заев. Ниту сакам, ниту можам да зборувам остро, иако тоа некои можеби го сакаат. Тој ја претставува втората партија по сила во Македонија. Ќе судиме во делата, рече Вучиќ.

- Advertisements -

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вчера во интервју за регионалната телевизија „Н1“ изјави дека е непријатен начинот на кој Србија ги коментира случувањата во Македонија, но дека ќе се труди да има добри односи со Белград.

Поврзани новости