Деца херои: Не купуваат ужинка за да соберат пари за лекување на нивно другарче

by fokus 18:12
18:12

Учениците од основното училиште „Партенија Зографски“ последниве десетина дена не јадат за време на големиот одмор. Имено, тие доброволно ги чуваат сите пари кои родителите им ги даваат за да си купат ужинка и ги собираат за да помогнат за лекувањето на нивното другарче Павел.

Павел е едно од децата кое на Велигден настрада од струен удар при обид да се фотографира на воз во депото на Македонски железници. По неколку дена поминати на скопските клиники, детето е префрлено на лекување во Англија. Павел е во вештачка кома, а за следната интервенција потребни се 25.000 евра. Пари кои неговите другарчиња и соученици помагаат да се соберат.

- Advertisements -

Мајка на едното од децата кои собираат пари, Верче Крстевска, за „Фокус“ објасни дека десетина дена децата не купуваат ужинка, сокчиња и од родителите бараат пари за да донираат за Павел. Исто така, децата и со кутии за донации поминуваат низ училниците. Акцијата ја води класниот раководител на Павел.

-Ја прашувам ќерка ми што јадела денес во школо, ми вели ништо. Јас и велам, зарем цел ден седеше гладна? Ми вели да, и не само јас, никој веќе не јадеме во школо и не ги трошиме парите, туку ги собираме за Павел. Детево ми кажува дека сите деца од 6то до 9то одделение веќе десетина дена не трошат пари за ништо, престанале да купуваат ужинка, не јадат, не купуваат сокови, секој ден трчаат со кутијата за донации и собираат пари. Секој денар што го имаат го ставаат во кутијата и на крајот на часовите парите ги предаваат на класниот на Павел! Сакале да соберат што повеќе пари пред да заврши школската година. Какви деца а, хероишта!, вели Крстевска.

Освен акцијата на децата, пари за лекувањето на Павел ќе се собираат и во сабота на хуманитарната забава во Нано бар. 30 отсто од целиот промет ќе биде дониран за лекувањето на Павел, а ќе има и кутија за донации.

Сите кои сакаат да помогнат, може да донираат и на следните броеви:

T-mobile 070 143 106
Vip\One 077 143 481

Како и на следната жиро сметка:
Lorena Bekarovska -210501648829038- NLB TUTUNSKA BANKA
со цел на дознака: донација за Павел

Катерина Смилева

Поврзани новости