342
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната прес конференција во Белград доби прашање што би направила Србија како потписничка на Римскиот статут, со кој е основан Меѓународниот кривичен суд, во случај Путин да дојде во Србија, односно дали ќе го уапси и екстрадира.
Српскиот претседател рече дека тоа е бесмислено прашање, бидејќи додека трае војната Путин нема да оди никаде.
Се надоврза дека не ги уапсил ниту оние кои биле побарани од ад хок трибуналот во Хаг, „што не е Меѓународниот кривичен суд“.