Рама за договорот меѓу Србија и Косово: Да се надеваме дека не е уште една балканска измама

by fokus

Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска на Твитер ја искоментира вчерашната средба меѓу Александар Вучиќ и Албин Курти во Охрид и им честиташе на, како што рече, протагонистите на охридската трпеза.

-Да се надеваме дека ѓаволот не е во деталите и дека договорениот, но непотпишан договор, не е уште една балканска измама! Во спротивно, ова би било историско достигнување што би ја навестило долгоочекуваната пролет во односите меѓу двата најголеми балкански народи. И, искрено да им честитаме на четворицата протагонисти на охридската трпеза, посакувајќи наскоро договорот да сепретвори во нова неповратна реалност меѓу Косово и Србија, Албанците и Србите, Западен Балкан и Европската унија, напиша Рама на Твитер.

Поврзани новости