Вучиќ најави „напад“ на корона вирусот со масовни тестирања и лекување со кинеска медицина

by Фокус

Со промена на пристапот во борбата против епидемијата на коронавирусот, Србија суштински и агресивно ќе го нападне вирусот, изјави претседателот Александар Вучиќ. Тој, по препорака на кинески лекари, како прва мерка на промена на пристапот најави масовно тестирање на населението на епидемијата на коронавирусот.

-Целта е да се опфатат што е можно повеќе луѓе, да се соберат сите што се заразени и да се лекуваат. Со ова ќе опфатиме и мал дел од скоро здраво ткиво, а она што ќе остане ќе биде целосно здрав организам. Така Кинезите го победија вирусот, а кај нив во еден град, сличен на големината на Србија, кризата траеше 29 дена – објасни Вучиќ.

Како втора мерка Вучиќ го најави новиот пристап во тријажа на пациентите, според која сите полесни случаи на заразени пациенти ќе бидат сместени во карантин, за што ќе се подготвуваат околу 3.000 кревети на Белградскиот саем и повеќе илјади кревети во други места во Србија.

-Средно заболените лица ќе се третираат со неинвaзивни респиратори, додека потешките случаи ќе се третираат со клинички респиратори во болниците во Србија – изјави Вучиќ.

Поради позитивното искуство во лекувањето со лекот хлоракин, српскиот претседател најави дека овој лек, во комбинација со кинеската традиционална медицина, ќе биде употребуван во лекувањето на заболените.

Поврзани новости