Австрискиот канцелар Себастијан Курц e во посета на Белград, каде од српскиот претседател Александар Вучиќ доби Орден на Република Србија. Вучиќ и Курц разговарале за евроинтергативните процеси, миграциите, економијата и Отворен Балкан.
-Ние како Република Австрија и во рамките на ЕУ континуирано се залагаме за постапката на придружување и за европската перспектива на Србија и земјите на Западен Балкан, и таа поддршка Австрија ќе ја дава и во иднина – изјави Курц во Белград.
Вучиќ посочи дека „има повеќе земји во ЕУ кои не само што се уморни, туку и не сакаат проширување“.
-Доколку Македонија го смени името и почне да се вика Северна Македонија, и доколку не постои политичар кој не го поддржа тоа со ветување за отварање на преговори со ЕУ, па тоа не се случи и тогаш се појави некоја земја која тоа го условува со не знам што, а нас ни велат направете десет работи од владеењето на правото и не знам што се не, и потоа не отвориме ниту едно поглавје и тргнеме во уставни реформи, тогаш се поставува прашање дека сета оваа слика не е ни малку розова – изјави Вучиќ.
Инаку, за време на посетата, Вучиќ му подготвил на Курц бифтек.