Кичеец е на слобода 30 дена, добил прекин на затворската казна поради здравствени причини

by fokus

Зоран Милевски Кичеец денеска учествуваше во страотна сообраќајка кај Стража.  Јавноста за него знае дека е осуден на тригодишна затворска казна за случајот “Рекет”, која ја издржува во отвореното одделение во струшкиот затвор, па затоа и се јавија низа реакции, за тоа што барал надвор од затворот.

Но, како што појаснува директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски, за “Фокус” , тој во моментот е на слобода, односно имал добиено прекин на издржување на казната од 30 дена. Прекинот му бил даден до 8 септември и тоа поради здравствени причини.

Инаку Кичеец е сместен во отвореното одделение на затворот, поради што преку ден му е дозволено да оди на работа, а се враќа за спиење. Тој користи и низа законски погодности како право на викенд и годишен одмор.

Од Управата за извршување на санкции посочија дека набрзо ќе излезат со соопштение за случајот.

Валентина Вурмо

Поврзани новости