Вучиќ: Мојата желба е утрешниот ден да помине мирно

by vlatko 18:53
18:53

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повика демонстрантите повторно на дијалог по одбележувањето на годишнината од падот на кровот на Железничката станица во Нови Сад и порача дека утрешниот ден треба да биде ден кој обединува, а не ден кој дополнително разделува.

-По утрешниот ден, да обидеме уште еднаш со дијалог во општеството. Уште еднаш ги повикувам оние кои протестираат да седнат за маса, да ги искажат своите желби, да учествуваат во разговори и дебати. Не преку ултиматуми, туку како дел од разговорот – рече Вучиќ во обраќањето од Претседателството на Србија.

Вучиќ истакна дека вистинската правда мора да биде задоволена за животите кои се изгубени во тој трагичен ден.

-Во тоа сите се согласуваме. Но не правда измислена на улиците, туку правда која се носи во институциите. Некои од нас можеби мислат дека тие институции не се способни, но тоа се единствените институции што ги имаме и мораме да ги поддржиме и да апелираме тие да ја вршат својата работа.

Да работат повредно и побрзо за да се открие вистината. Не вистината на едната или другата страна, туку единствената вистина. Вистината која е поткрепена со докази. Тоа е вистината која сите страни во општеството треба да бидат подготвени да ја прифатат – додаде тој.

Слични вести