Кондарко: Да се почитува изборниот молк

by vlatko 18:28
18:28

Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, денеска ги повика учесниците на изборите и медиумите да го почитуваат изборниот молк пред вториот круг на локалните избори, кој започнува вечерва на полноќ и апелираше сите граѓани да го остварат своето право на глас.

-Согласно изборните правила, да го почитуваат изборниот молк, после 24 часот вечерва, во текот на утрешниот ден кога гласаат болните и изнемоштени во своите домови, лицата во казнено-поправни домови и во старските домови. Исто така, сакаме да апелираме сите граѓани да можат да слободно да го остварат своето право на глас, да излезат и да гласаат. Гласањето е лично и тајно, така што во согласност со сите насоки, правила и процедури на ДИК да можат да си го остварат своето демократско право на глас – рече Кондарко.

Тој апелира и до сите изборни органи, до избирачките изборни комисии и до општинските изборни комисии да ги почитуваат сите законски процедури и сите упатства во врска со постапката на гласање и во врска со утврдување на резултатите во избирачките места.

Слични вести