Вучиќ: Лажговци се тие што тврдат дека сме продале оружје на Русија или Украина

by Fokus

„Ниту едно парче српско оружје, опрема или муниција не е продадено на Русија или Украина. Тие кои го тврдат спротивното се лажговци, денунцијанти, и треба да се срамат бидејќи и нанесуваат штета на Србија“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

-За Србија, во согласност со меѓународните закони, постојат таканаречени дозволени корисници и Србија може да извезува само во такви земји. Ние направивме сè во согласност со законот, чисти сме како солза“, рече Вучиќ во Доха, каде учествува на конференција организирана од Обединетите нации.

На крајот на февруари, некои руски медиуми објавија дека 3.500 ракети од српската фабрика „Крушик“ биле доставени до вооружените сили на Украина преку Турција и Словачка, а Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека оваа информација предизвикува „најдлабока загриженост“.

Деманти претходно пристигна од „Крушик“ и од Министерството за одбрана на Србија.

Во врска со тврдењето дека од Србија преку Турција се извезува оружје во Украина, Вучиќ рече дека Србија „дополнително се заштитила“ знаејќи дека постои можност дел од стоката да заврши на друго место.

-Додадовме дека е невозможно да се извезе муницијата што ја дадовме во Турција без наша согласност“, рече Вучиќ, истакнувајќи дека Србија „не принудила никого да војува“.

Поврзани новости