(ВИДЕО)„Државата е убиец!“ извикуваат демонстрантите во Атина

by Fokus

Се судрија демонстрантите и полициските кордони на денешниот протест во Атина поради железничката несреќа во Грција, во која загинаа најмалку 57 луѓе. Граѓаните ја обвинуваат државата, а вината ја гледаат во тоа што компанијата задолжена за железницата била приватизирана пред пет години.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше. „Државата е убиец“, „Веднаш да се смени Мицотакис“, додека на пратениците им порачаа дека молчат.

Веднаш после несреќата беше уапсен шефот на железничката станица во Лариса, под сомнение дека е одговорен.

Во судирот меѓу патничкиот воз, кој превезуваше околу 350 патници, и товарниот вагон, во близина на градот Лариса, ноќта меѓу вторникот и средата, починаа 57 лица, од кои повеќето беа студенти.

Фото: Танјуг

Поврзани новости