Вучиќ: Концертот на Томпсон е поддршка за усташките вредности, а Европа молчи

by irena 16:41
16:41

Српското Министерство за надворешни работи денес им препорача на српските граѓани да не патуваат во Загреб поради концертот на Марко Перковиќ Томпсон.

„На граѓаните на Република Србија им се препорачува да не патуваат во Загреб до 6 јули поради концертот на Марко Перковиќ Томпсон, кој е планиран за 5 јули на Загребскиот хиподром“, објави министерството на својата веб-страница.

„Со оглед на тоа што се очекуваат околу 500.000 посетители, престојот во Загреб во тој период може да претставува безбедносен ризик за граѓаните на Република Србија“, додаде.

Српските медиуми блиски до владата го нарекуваат концертот „усташки“ поради флертувањето на Томпсон со десницата и песните што ги слават усташите и Независната Држава Хрватска.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека „концертот на Томпсон е во поддршка на неонацистичките вредности, усташките вредности“. „И цела Европа ќе молчи“, изјави Вучиќ пред новинарите.

Белградските медиуми јавуваат дека Загреб е под „опсада“ и „вонредна состојба“ поради концертот, и дека половина од градските патишта се блокирани.

Извор: Index.hr

Слични вести