2
Две малолетнички физички нападнале 12-годишно девојче во соблекувална на спортска сала на подрачјето на општина Илинден.
Инцидентот бил пријавен на 26 ноември во СВР Скопје од 44-годишниот татко на девојчето. Според пријавата, на нападот му претходело меѓусебно нетрпение.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.