Обвинителството поднело жалба за куќниот притвор на мотоциклистот кој усмрти пешак на кеј

by irena 15:47
15:47

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднело жалба поради одлуката на Кривичниот суд да одреди куќен наместо затворски притвор за 25-годишниот скопјанец што во вторникот вечерта на пешачка патека до кејот на Вардар близу Парк на Франкофонија удри во 68-годишен скопјанец којшто потоа почина.

ОЈО Скопје вчера соопшти дека до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен притвор за 25-годишникот. Сепак, судијата одредил само куќен притвор.

Според информациите што протекоа во јавноста, од ОЈО Скопје потврдуваат дека 25-годишниот скопјанец два пати претходно бил осудуван – еднаш за насилство како малолетник и еднаш за непочитување на наредбите за однесување во Ковид-кризата.

Слични вести