Јаневска: Не гледам логика да се протестира за мерка со која на студентите им се нуди повеќе од досега

by irena 12:59
12:59

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека не гледа основа за протестот што се најавува во врска со студентскиот оброк, оценувајќи дека предложените измени предвидуваат студентите да добијат повеќе од она што го имаат во моментов.

Одговарајќи на новинарско прашање за време на натпреварот за бизнис-идеи на средношколци во организација на Brainster Next, Јаневска посочи дека правото на протест е загарантирано, но не гледа причина за незадоволство од предложените решенија.

-Правото на протест е загарантирано, но јас навистина не разбирам против што би протестирале. Државата им нуди повеќе од тоа што го имаат, а тие сакаат против тоа да протестираат. Не ја гледам логиката – истакна Јаневска.

Таа информира дека е формирана работна група која ги разгледува решенијата поврзани со студентскиот оброк и дека активностите се одвиваат интензивно.

-Формирана е работната група, многу брзо се развива проектот. Заинтересирани сме брзо да се развие проектот. Во комуникација сум со релевантните студентски собранија и мислам дека немаме проблем и дека многу брзо ќе дојдеме до решението – нагласи министерката.

Јаневска додаде дека Министерството континуирано вложува во подобрувањето на студентскиот стандард преку инвестиции во студентските домови, научноистражувачката дејност и други мерки насочени кон младите.

Слични вести