1
Четириесетгодишен жител на Тетово е лишен од слобода под сомнение дека физички ја нападнал својата 27-годишна вонбрачна партнерка и ја принудувал да обезбедува пари од други мажи.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен, по што полицијата го уапсила мажот на 27 ноември, во 20:20 часот.
Во пријавата се наведува дека тој ја принудувал жената да оди со други мажи и да не се враќа дома без пари, а средствата што ги добивала од питачење морала да му ги предава.
За случајот бил известен Центарот за социјални работи во Тетово, кој ќе се погрижи за нејзиното сместување. Осомничениот бил задржан во полициска станица, а по документирањето на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.