605
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на прес-конференција истакна дека викендов ќе се вакцинира со кинеската вакцина.
Тој на денешната прес-конференција рече дека е малку настинат, па ќе почека додека ја прими вакцината.
-Веројатно за викенд ќе ја примам кинеската вакцина, рече Вучиќ.
Тој истакна дека кинеската вакцина е квалитетна, дека е најскапа од сите пристигнати во Србија, и дека досега не покажала негативни појави кај сите што ја примиле.
Вучиќ на новинарско прашање дали стравува како би реагирала ЕУ за кинеските вакцини, одговори:
-Не ме интересира дали и како ќе реагира ЕУ. Јас ќе правам се да ги спасам животите на нашите граѓани, рече претседателот.