Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 пациенти, вкупно се лекуваaт 283 болни

by Fokus 10:30
10:30

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 283 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 14 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 5 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 3 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени деветмина оздравени пациенти.

- Advertisements -

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти. Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен, а во текот на денешниот ден ќе се префрлат и останатите четворица пациенти од центарот на Клиниката за уво нос и грло и во текот и тој центар ќе биде затворен.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент. Вкупно 283 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 163 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород.

Поврзани новости