ВИДЕО Силен земјотрес од 6,8 степени ја погоди Аргентина

by Fokus

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа ја погоди провинцијата Сан Хуан во Аргентина, соопшти германскиот центар за истражување и геолошки науки (ГФЗ).

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Главниот бил проследен со уште најмалку пет последователни земјотреси што ги потресоа зградите, но засега нема извештаи за повредени и не е издадено предупредување за цунами. Последователните потреси се движеле со јачина од 3,5 до 5 степени, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Објави од социјалните мрежи покажуваат како се тресат домови и згради, а сеизмичката активност предизвикала пукнатини на патиштата, додека шишиња паѓале од полиците на продавниците.

Гувернерот на Сан Хуан, Серхио Уњак, го повика населението да остане смирено и да контактира со соодветните служби доколку им треба помош и да се јават на 911.

„Да ги примениме во пракса сите потребни мерки што ги научивме“, рече тој.

ЕМСЦ објави дека земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала се случил во 23:46 минути по локално време (3,46 UTC) на 41 километар југо-југозападно од Сан Хуан, град со 447 000 жители.

Поврзани новости