Вучиќ како монарх: Ако ме убијат мене, ќе остане брат ми, ако го убијат и него, тука се моите деца

by fokus

Вчера вечер српските медиуми блиски до власта објавија наводна изјава на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од средба со неговите најблиски соработници, во која тој ја споменува неговата смрт, како и смртта на неговите деца и братот Андреј. Главната порака е дека и нивните гробови ќе се борат против „усташите“.

Засега нема потврда од Вучиќ дека навистина го кажал ова, но ако го кажал, опозицијата смета дека тоа укажува на тоа дека претседателот на државата „целосно изгубил разум“, дека е обземен од страв од доаѓањето промени, но и дека сака да ја претстави својата власт пред граѓаните како наследна монархија.

По уште еден, петти протест „Србија против насилството“ одржан во саботата, Александар Вучиќ вчера на прославата на Денот на полицијата повтори дека нема да ги исполни барањата. Пред се, дека нема да дозволи разрешување на министерката за полиција Братислава Гашиќ.

Потоа зборувал за неговото убиство.

-Мислите дека ќе ми го скршат духот со закани дека ќе ме убијат? Дневно добивам по двесте вакви закни. Ајде, направи тоа веќе еднаш, олесни ми“, рече Вучиќ, алудирајќи на куклата на обесениот претседател на Србија што се појави на протестот.

Неколку часа подоцна, како што објавија медиуми блиски до власта, се одржала средба меѓу Вучиќ и неговите најблиски соработници, на која тој наводно ги кажал следните зборови:

-Немам проблем да умрам, подготвен сум да бидам убиен, но никогаш и под никакви околности нема да му ја предадам власта на ѓубрето без борба, без избори! Никогаш и под никакви околности нема да се согласам на уцени, никогаш нема да ја предадам власта на најлошите без избори. Никогаш нема да потпишам никаква техничка или преодна влада! Ако ме убијат, брат ми Андреј ќе остане. Ако го убијат брат ми, мојот син Данило ќе остане. Ако ми го убијат синот, ќерка ми Милица ќе остане. Ако ја убијат, ќерка ми, ќе остане син ми Вукан… И нашите гробови ќе се борат против усташите, рекол Вучиќ.

Поврзани новости