30 дена притвор за српскиот новинар кој е осомничен дека ја поставил обесената кукла со ликот на Вучиќ

by fokus

Здружението на новинари на Србија објави дека на новинарот Бошко Савковиќ му е одредена мерка притвор од 30 дена, поради сомнение дека сторил кривично дело повикување на насилно уривање на уставниот поредок и безбедноста, кога, според обвинителството, носел трансапрент и обесена кукла со ликот на Александар Вучиќ на протестот „Србија против насилството“.

Ќерката на новинарот во изјава за медиумите негираше дека куклата ја поставил нејзиниот татко.

-Се собравме 15 души на споменикот (Плоштадот Никола Пашиќ). Транспарентот беше цело време, а на сликите се појавува и кукла. Очекуваме да видиме што ќе се случи. Транспарентот е се уште кај нас. Го виделе инспекторите кои дојдоа. Но, ние немаме врска со куклата, изјави ќерката.

Поврзани новости