500 турски НАТО војници пристигнаа во Косово

by fokus

НАТО испрати 500 нови турски војници во Косово како дел од засилувањето по тензиите и судирите меѓу КФОР и дел од српското население пред општините.

Војниците се припадници на механизираната пешадиска бригада на НАТО и привично ќе бидат сместени  во касарната „Султан Мурат“ и во Косово ќе останат додека е потребно.

НАТО минатата недела објави дека Турција на барање на Алијансата во следните два дена ќе испрати специјалци на Косово, кои ќе бидат стационирани во касарната во Призрен.

Поврзани новости