413
Српскиот премиер Александар Вучиќ со телеграма до премиерот Емил Димитриевски изрази сочувство за жртвите од невремето во Скопје и понуди помош.
-Природата повторно не опоменува дека не сме доволно силни да се спротивставиме на нејзината силина, но она што можеме да го направиме е да си помогнеме едни на други. Владата на Србија е подготвена, во рамки на своите можности, да понуди помош и поддршка за граѓаните и Владата на Македонија во отстранување на последниците од оваа природна непогода – стои во писмото на Вучиќ