Претседателот на Србија Александар Вучиќ преку својот профил на Инстаграм се обрати до јавноста, порачувајќи дека косовскиот премиер Албин Курти решил да ги нападне Србите.
„По налог на Албин Курти, сменета е денес од косовските институции српската судијка Љиљана Стевановиќ, за наутро е спремна смена на сите српски командири, сите српски полицајци кои беа на седницата на Советот за национална безбедност во Белград. Курти реши да ги нападне Србите“, кажа Вучиќ.