Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за работнички права утре организира протестен марш со почеток од 18 часот пред Дом на градежници во Скопје.
„Постојаното погазување на правата и достоинството на работниците е една од клучните неправди што ги живееме. Заедно да го кренеме гласот на протестен марш! ” – пишува во првомајскиот проглас.
Во прогласот се нагласуваат повеќе работнички реформи, меѓу кои: нов Закон за работни односи преку ослободување на правото на штрајк, нормализирање на процесот за регистрација на синдикатите и синдикалните организации, изедначување на минималната плата на вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија со сите останати категории работници, повлекување на неколку закона од административната сфера.