Груевски: Да се натпреваруваме кој може повеќе и подобро за државата и за народот

by Фокус 15:45
15:45

Велигден е поткрепа и на македонскиот народ и на сите верници во нашата земја, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по повод денешниот празник.

-Да си се почитуваме себеси, за да нè почитуваат и другите. Како што сме единствени во верата, така да сме единствени и во државата. Да се натпреваруваме кој може повеќе и кој може подобро за државата и за народот. Да си ја сакаме Македонија со целото срце, со секоја мисла и во секоја наша одлука. Нека Бог ни даде мудрост и сила да ги зацврстиме и да ги унапредиме заедничките вредности на кои се родила, израснала и во иднина ќе се издига македонската држава. Нека ни е честит и за многу години големиот празник!“, стои во честитката од Груевски.

 

- Advertising -

Поврзани новости