Димитриев: Mакедонија да се надмине себе си и оваа криза

by Фокус 11:54
11:54

Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев од велигденската богослужба во храмот „Свети Никола“ во Штип повика на обединување, духовно смирување и разум на сите Македонци дома и во дијаспората.

– Посакувам овој празник да донесе кај сите семејства повеќе љубов и разбирање и со оние што можеби имале недоразбирање во минато. Да надвладее разумот и позитивната мисла во овие тешки моменти за Република Македонија. Овој празник дојде во вистинско време и се надевам дека по празнувањето и по духовното исполнување на нашите души, кое што го имавме во нашите цркви и манастири, Република Македонија ќе се надмине самата себе и овој проблем и оваа криза што ја имаме и дека ќе запловиме во едни мирни води – изјави Димитриев.

- Advertising -

Поврзани новости