Вториот директор на ФЗО: Не сум на годишен одмор во САД

by Fokus

Вториот директор на Фондот за здравство, Фатон Ахмети денеска преку  соопштение го објасни своето отсуство во време кога оваа институција се соочуваше со сериозен хакерски напад, од кој се опорави по две недели.

„Престојувам во САД, на покана на Стејт департментот на САД, на програмата IVLP. Патувањето е планирано пред неколку месеци. Не сум на годишен одмор во САД! За коректност кон институцијата во која дејствувам, го користам годишниот одмор, а не можноста за службено патување. Мојот престој во САД е целосно финансиран од Стејт департаментот на САД. Ниту еден денар не е потрошен од државниот буџет, нагласува Ахмети.

 

Поврзани новости