Украл автомобил, а потоа со него удрил во надгробна плоча на градски гробишта

by Fokus

Штипјанец украл aвтомобил во Куманово и со него се забил во надгробна плоча на градските гробишта, информираа од МВР.

„На 21.02.2023 во 09.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во продажен објект на улица „Иво Лола Рибар” во градот и одзел пари и клучеви од патничко возило „Пежо“, сопственост на Б.С., по што го одзел и возилото, со кое удрил во надгробна плоча на Градските гробишта во Куманово“, пишува во полицискиот билтен.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Поврзани новости