Вториот човек на „Аерофлот“ поднесе оставка и си замина од Русија

by fokus

Заменик-шефот на водечкиот руски авиопревозник „Аерофлот“ изјави дека поднел оставка и ја напуштил земјата.

Андреј Панов, заменик-директорот на „Аерофлот“ задолжен за маркетинг, во саботата на Фејсбук напиша дека „стариот живот е завршен“.

Претходно овој месец, руските новински извештаи тврдеа дека извршниот директор на „Аерофлот“, Михаил Полубојаринов, исто така, ја напуштил земјата. „Аерофлот“ го негираше тоа.

„АерофлотЊ е тешко погоден од западните санкции против Русија поради нејзината војна во Украина. Западните сојузници ги забранија на авионите на „Аерофлот“ од нивното небо и го забранија снабдувањето со резервни делови, меѓу другите мерки преземени против авиокомпанијата. „Аерофлот“ одговори на санкциите со прекин на сите летови во странство.

Поврзани новости