Макрон: Разговорот со Путин беше многу тежок

by fokus

Елисејската палата, денешниот телефонски разговор на Емануел Макрон и Олаф Шолц со Владимир Путин, го квалификуваат како „многу искрен и тежок“ разговор, јави дописникот на МИА.

Францускиот претседател и германскиот канцелар, час и половина бараа „крај на опсадата на Мариупол, каде ситуацијата е човечки неодржлива, посочува француското претседателство.

Во соопштението се наведува дека на крајот од разговорот „Владимир Путин не покажа волја да ја запре војната“, и оти Франција не забележала знак на смирување од страна на Путин.

– Како резултат на тоа, ние ќе преземеме нови санкции во наредните часови против Русија, се посочува во соопштението од Елисејска палата.

Исто така се истакнува дека обвинувањата на Путин за „флагрантно кршење“ на хуманитарното право од страна на украинските сили се „лаги“.

Поврзани новости