„Коха Диторе“: УЧК презеде одговорност за нападот врз Владата

by Фокус 15:58
15:58

Приштинскиот весник „Коха Диторе“ пишува дека таканаречената паравоена Ослободителна народна армија, позната како УЧК, ја преземала одговорноста за гранатирањето на Владата кое се случи во петокот вечерта.

Според весникот, соопштението во кое УЧК ја презема одговорноста за нападот е потпишано од извесен командант Куштрими.

Од МВР досега нема коментар, а од таму информираа дека и овој и претходниот напад врз Владата се случиле од ист правец.

Поврзани новости