541
Откако вчера оставка си поднесе заменик-министерот за одбрана од редовите на ДУИ, Арбен Лабеништа, веднаш по него од својата фнкција се повлече и генералниот секретар на партијата на Али Ахмети, Хазби Лика.
Тој во отворено писмо до јавноста наведува дека е незадоволен од тоа што неговата партија сѐ уште не се дистанцирала од Владата по објавувањето на бомбите на СДСМ.
Медиумите на албански јазик повикувајќи се на неофицијални партиски извори очекуваат уште оставки во ДУИ, па дури и од неколкумина пратеници.