Заменик министерот за одбрана од ДУИ си поднел оставка

by Фокус 19:27
19:27

Арбен Лабеништа, заменик министер за одбрана на Република Македонија, поднел оставка на својата функција, објавуваат албанските медиуми.

Според нив, Лабеништа ја образложил оставката со тврдењето дека не сака да биде во влада со луѓе, кои со погрдни називи ги ословуваат Албанците. Во подолгиот напис, објавен на својот фејсбук профил, тој наведува бројни причини за неговото целосно повлекување, а се засноваат на неговото незадоволство од начинот на кој ДУИ се однесува во текот на актуелната политичка криза и од односот на Владата кон важните државни прашања.

- Advertisements -

-Нецивилизирани луѓе, неедуцирана демократија, недостатокот на етички и морални капацитети создава хаос, искористување, обесхрабрување, талог кој ќе ги покрие нашите напори за нашиот национален и општествен живот во иднина – пишува Лабеништа.

Тој најави дека својата оставка ќе ја достави до министерството за одбрана в понеделник.

Поврзани новости