666
Хрватскиот министер Вили Берос го потврди и вториот случај на коронавирус во Хрватска. Инфициран е и братот на еден млад човек кој вчера имаше позитивен наод, пишува Јутарњи лист.
Пристигнал и тестот на девојката која била тестирана, но анализите покажале дека таа нема коронавирус.
Првиот од заболените браќа е момче кое работело за хрватска технолошка компанија. Со симптоми на коронавирус се вратил од Милано, кадешто бил на натпревар во Лига на шампионите, а потоа тоа се појавил и на работа.