Протестите во Тетово поради загадување на воздухот продолжија и денеска. Под мотото „Доста беше, одете во 997 ПМ!“, голем дел тетовци простираа на плоштадот „Илирија“. Иницијатори на протесот се движењата „Еко герила“ и „Мајка и дете“.
Граѓаните бараат од надлежните институции конктретни и долготрајни мерки за намалување на штетните ПМ 10 честички и решавање на катастрофалната еколошка состојба . Според нив, аерозагадувањето во градот е последица од лошите еколошки политики на власта, и на општината на чело со градоначалничката Теута Арифи.
-Нашиот град исчезнува, нашите граѓани се по болниците, на нашите животи им доаѓа крај. Оваа состојба не се толерира. Ова труење не се трпи! Доста беше!, порачаа активистите.
„Нема правда нема мир“ , „Сакаме воздух, не не трујте“, извикуваа граѓаните, учениците и активистите кои беа дел од протестот.