Од недела на полноќ нема веќе партиски реклами

by Фокус 14:05
14:05

Од недела на полноќ настапува забрана за емитување платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, во печатените медиуми и во електронските медиуми (интернет портали), соопшти денеска  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Оваа забрана произлегува  од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик и важи се до денот на почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори што ќе се одржат во 2016 година. Забраната е пропишана во член 82 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.

- Advertisements -

Поврзани новости