Мајка Тереза наскоро може да биде прогласена за светица

by Фокус

Ватикан денеска го призна второто чудо на Мајка Тереза, со што се отвора патот за нејзиното прогласување за светица. Таа беше беатификувана од Ватикан во 2003 година.

Комисијата на Ватикан го прифатила необјаснетото оздравување на еден човек од Бразил кој страдал од сериозна мозочна болест. Ватикан заклучил дека молитвите на неговата сопруга кои биле насочени кој Мајка Тереза, го излекувале мажот. Признавањето на „чудо“ е дел од процесот на осветување на Ватикан.

Сега зе сега, нема утвредено датум за канонизација на Мајка Тереза, но постојат шпекулации според кои тоа би се случило во првата половина на септември, кога ќе биде и годишнината од нејзината смрт.

Мајка Тереза беше беатификувана од Папата Јован Павле Втори во 2003 година, откако беше признато првото чудо, односно тврдењето на една Индијка дека молитвите кон Мајка Тереза ја излечиле од неизлечив тумор. Оттогаш Мајка Тереза ја носи титулата Благословената Тереза од Калкута.

Поврзани новости