Бројот на загинати од ураганот „Метју” на Хаити се искачи на околу 900 лица, а десетици илјади останаа без своите домови.
– Бројот на жртвите се зголемува од час во час, а голем број на луѓе се повредени, додека околу 61.500 лица се наоѓаат во засолништата- соопштија од Агенцијата за цивилна заштита на Хаити.
Повеќето жртви настрадале од паднати дрвја и остатоци од урнатини кои биле носени од силниот ветер кој имал брзина од 230 километри на час.
Ураганот Метју е најсилната бура која му се заканува на атлантскиот брег по повеќе од една декада.
Хаити пак, често е на удар на природни катастрофи, бидејќи се наоѓа на патеката на ураганите. Во јануари 2010 година земјата беше погодена од силен земјотрес при што поголем дел од Порт о Пренс беше уништен, а загинаа над 250.000 луѓе.