Врховен суд денеска ќе одлучува за притворите на Грујевски, Јакимовски и Бошковски

by Fokus

Врховниот суд денеска треба да заседава по обжалените решенија од Апелација за притвор на тројца обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, поточно Горан Грујевски, поранешниот началник на Петта управа, Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Сашо Мијалков и Никола Бошковски, поранешен вработен во УБК.

Кривичен суд најпрво одлучи да им бидат одземени пасошите, но по жалбата на Специјалното јавно обвинителство до второстепениот суд, Апелациските судии им одредија притвор од 30 дена, по што одбраната се жалеше од Врховен.

Поврзани новости