Вработените во Телма: Како ќе не погледнете во очи?

by fokus

„Професионалната ТЕЛМА ги прогласи професионалните новинари за технолошки вишок. Професионалната Телма остави дете оперирано од срце без здравствена заштита. Најтешката битка во животот ја добив. Претстои друга. Имате ли совест и образ да ме погледнете во очи. Најдете една дамка во мојата кариера. Животот е тркало, денес си горе, утре доле“, е реакцијата на новинарката Јулијана Пепевска која беше прогласена за технолошки вишок.

Емилија Лазаревска пак за Плусинфо изјавила дека се чисти теренот од старите професионални кадри на Телма, која со таа екипа го стекна реномето на професионална, стабилна телевизија, во која се правеа едни од најгледаните вести, но убедливо со најголема доверба.

– Објаснувањето е дека во првите три месеци од годината телевизијата прикажала најголема загуба од своето постоење?! Дали сме ние виновни за тоа? Вели дека се прави нова систематизација и рационализација на кадарот, а во последните две години континуирано се примаат нови луѓе. Дали се поквалитетни од нас, од мене, од Јуле, од Зајкова, од Панта, од Бранка…..НЕ! Па кој е критериумот? За жал ,ова е последниот удар на професионалното новинарство! – вели Лазаревска.

Поврзани новости